Адријана Лима ги следи светските модни трендови и во доцната бременост (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
407 прегледи

Изгледа дека Адријана Лима исто како Ријана одлучи да ја прослави бременоста со предизвикувачки комбинации на облека.

Адријана во последно време е често во јавноста, а секој пат ја воодушевува публиката со својот предизвикувачки стајлинг.

Бремената Адријана ги покажа облините кога се појави во прекрасен фустан украсен со се попопуларниот животински принт.

Фустанот, како и наметката што ја носеше го потпишува модната куќа „Роберто Кавали“, а поранешната манекенка го привлече вниманието на своето деколте со впечатливо сребрено-црно блескаво ланче и црн појас.

Адријана беше доминантна и на премиерата на „Елвис 2“, во окер фустан од ориентален стил. Фустанот украсен со бисери, со исечени делови, дополнително ја истакна фигурата на идната мајка и уште еднаш ја истакна убавината на трудниците.

Слични содржини