405
Манекенката Адријана Лима го чека своето трето дете, но и покрај поодмината бременост присуствува на сите важни настани.
Таа ги шокираше сите кога на една модна ревија се појави во провокативен, краток фустан кој го откри нејзиниот стомак.
Сепак, очигледно ѝ се допаѓа да го истакнува трудничкиот стомак, па во слично издание се појави и на Канскиот филмски фестивал.
Лима дојде со својот избраник, а беше во долг црн фустан кој беше исечен во пределот на стомакот.
Со ова издание таа секако привлече големо внимание на себе.