Манекенката ја наследила убавината од неа: Вака изгледа мајката на Адријана Лима (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Адријана Лима важи за една од најпопуларните манекенки во светот, а нејзината несекојдневна убавина привлече внимание веднаш штом се појави во светот на манекенството. Таа е родена на 12 јуни 1981 година во Салвадор, Бразил, а кога имала само шест месеци, татко ѝ ја напуштил неа и нејзината мајка.

Повеќе пати истакнала дека пораснала во тешки услови, но нејзината мајка се трудела ништо да не ѝ недостига и да ѝ го обезбеди најдоброто можно детство. Кога имала 15 години, Адријана победила на натпреварот за бразилски супермодел на модната агенција „Форд“.

Во 1996 година, Лима замина на светскиот натпревар за супермодел „Форд“ и го освои второто место. Тогаш започна нејзината манекенска кариера, а со текот на времето беше на насловните страници на многу познати списанија и соработуваше со познати брендови како „Valentino“, „Gucci“, „Chanel“, „Giorgio Armani“, „Vera Wang“, „Prada“ и други.

Адријана не сака многу да зборува за својот приватен живот, но често истакнува колку ѝ значела безрезервната поддршка на нејзината мајка Марија и на приватен и на професионален план, а објавува и нивни заеднички фотографии.

Многумина коментираа дека Лима личи на нејзината мајка, и дека од неа ја наследила својата несекојдневна убавина.

Потсетуваме, Адријана моментално е во врска со продуцентот Андре Лемерс, со кој минатата година доби син.

Слични содржини