Ударите од Клементина Лефкова која е обвинета за случајот за убиството на Денис Тот, не придонеле за смртта на ракометарот, тврдат нејзините адвокати, Емил Гугутчески и Бојан Василески.
-Во никој случај нејзините удари не можат да придоснесат за смрт, велат двајцата адвокати во изјава за медиумите.
Доколку ракометарот Денис Тот немал повреда на ‘рбетниот мозок, ќе преживеел, кажаа вештите лица на денешното рочиште беа согласни дека повредите кои ги задобил сега покојниот се класифицирани како тешка телесна повреда со опасност по живот и истите се поврзани со смртниот исход на оштетениот.
– Како причина за смрт наведено е дека смртта настанала заради нагмечување на големиот мозок и нагмечување на рбетниот мозок, меѓутоа, како критична повреда од настапување на смрт врз основа на целокупната клиничка слика кај сега починатиот е повредата на почетен дел од рбетниот мозок, појасни вештото лице Александар Станков.
Тој појасни дека ударот во главата во тврда површина бил клучниот момент.
-Како критична повреда за смртниот исход, врз основа на целокупната клиничка слика, е повредата на почетниот дел од ‘рбетниот мозок, објасни докторот и вештак.
Новото судење за убиството на хрватскиот ракометар кој беше претепан до смрт во Градскиот парк во Скопје продолжува на 3 октомври.