Адвокатите на Новак Ѓоковиќ открија дека нивниот штитеник бил заразен со коронавирус минатиот месец и затоа не морал да се вакцинира пред да пристигне во Австралија.
Имено, како што објавија англиските медиуми, тој бил позитивен пред две недели, 14 дена пред да замине. Првиот позитивен тест го имал на 16 декември, а според правилата, добил лекарско ослободување бидејќи ја прележал болеста.
Тој на 30 декември добил допис и потврда од главниот човек на лекарскиот тим дека може да добие и потврда за медицинско ослободување.Тој доставил документи дека неодамна заболел од болеста.
Поминал две недели изолација, па како и другите играчи кои биле во слична ситуација, Тениската асоцијација на Австралија им дозволи да се натпреваруваат без вакцина бидејќи прележале корона.