Адвокатите на бендот Нирвана побараа од судот да ја отфрли тужбата на Спенсер Елден, сега 30-годишен маж кој се најде на насловната страница на албумот „Nevermind“ од 1991 година како четиримесечно бебе.
Во тужбата што ја поднел во август, Елден тврдел дека е жртва на детска порнографија и дека оваа слика, која е создадена кога имал четири месеци, му го одбележала животот.
Сепак, адвокатите на бендот веруваат дека тужбата на Елден треба да се отфрли и дека Елден поминал три децении профитирајќи од тоа да биде „бебе на Нирвана“.
Адвокатите напишаа дека Елден повторно направил неколку фотографии како на култната фотографија во замена за пари. Исто така, Елден го истетовирал името на албумот на градите, продал потпишана копија од албумот на eBay и ја искористил оваа слава за да флертува со жени.
Во поднесокот се наведува дека во интервју за MTV во 2008 година, тогаш 17-годишниот модел од насловната страница на албумот се пошегувал дека користел слика за да флертува со девојки, па изговорил реченици како: „Сакаш да го видиш мојот пенис…повторно?“
Во нивната тужба, адвокатите на бендот рекоа дека наводното кршење на федералните закони за детска порнографија и сексуална трговија од страна на Нирвана станало застарено бидејќи поминале повеќе од 10 години.
Жалбата е поднесена на 24.08.2021 година“, се наведува во поднесокот. „Но, фотографијата е направена во 1991 година. Таа стана светски позната можеби во 1992 година, што е повторно многу пред 2011 година, кога истече рокот до кој можеше да поднесе тужба“.
„Елден знаеше за фотографијата и знаеше дека тој (а не некој друг) е бебето на фотографијата“, се вели во документацијата.
„Тој со децении бил целосно свесен за фактите за наводното прекршување и повреда“, се наведува.
Во тужбата на бендот, исто така, се наведува дека сликата и нејзината широка продажба не претставуваат детска порнографија, бидејќи не постои ласциозна или сексуална конотација да биде порнографска, напишаа адвокатите.