Адвокатите се откажаа да го бранат Груевски

од desk2
222 прегледи

Адвокатите, Димитар Дангов, Стерјо Зиков и Боро Тасевски, се откажаа да го застапуваат експремиерот Никола Груевски, во предметот на СЈО „Насилство во Центар”, констатира судијата Душан Јосифов на почетокот од денешното рочиште, пренесе МКД.


Поради ова Груевски, доби адвокат по службена должност, Петар Димовски.

Обвинетите во предметот „Насилство во Центар” се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.

Обвинети во овој случај се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица./MKD