Адвокатот Дукоски: Васил Јованов е пресметлив и психички здрав

од Nikola Popovski
3,2K прегледи

Адвокатот на Васил Јованов, Сашо Дукоски денеска на прес-конференција информира дека од вчера била дадена наредба за вршење на сообраќајно-техничко вештачење на возилото со кое беше усмртена младата Фросина Кулакова. Според адвокатот, „кој е тој што може во моментов да шпекулира со брзина од 180 км на час“.

Возилото марка „пежо 207“ е произведено во 2011 година и се работи за траекторија за 80 метри од вклучување од споредната улица до пешачкиот премин пред „Силбо“. Дукоски вели дека многу посериози моторни возила не можат да ја развијат таа брзина. Праша зошто се шпекулира со такви брзини. Бара од правосудните органи да ја утврдат брзината.

-Се јавив кај овластениот импортер на пежо во Македонија и тоа моторно возило во идеални услови може да подигне 160 км, но на автопат каде што нема никого. Уште една невистина е тоа дека некој ќе се обидел да со помош на психијатар да го прогласи осомничениот за непресметлив. Дали почитувани новинари тоа ви изгледа реално и како може да се стори? Се додека сум јас бранител, во ниту еден момент нема да обезбедиме да ја намалиме неговата пресметливост за расудување и преземање на неговите постапки во времето на кривичното дело, кажа Дукоски на прес-конференција во присуство на родителите на Васил.

-Ве известувам дека Васил Јованов е пресметлив и психички здрав. И кога би сакал некој тоа да го направи, како е можно тоа да го направи? Со гума ли него ќе го прогласат непресметлив? Сето тоа е насочено кон кумулирање на постојан гнев кон некое лице, со цел да завладее уличната, а не правдата на судницата и правдата на едно демократско општество, категорично изјави Дукоски.

Слични содржини