Адвокатот Менкиноски бара ослободителна пресуда за поставувањето на знамето со сонцето од Кутлеш

од Nikola Popovski
208 прегледи

Во Основниот суд во Охрид и денеска не се одржа рочиштето од процесот што се води против адвокатот Тони Менкиноски, обвинет за нарушување на јавниот ред и мир со поставувањето знаме со сонцето од Кутлеш во центарот на Охрид. Рочиштето не се одржа поради тоа што пред Судот не се појавија претставници на Министерството за внатрешни работи, од каде против него беше поднесена прекршочна пријава за извршено дело „истакнување знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон“.

-На судењето воопошто не се јавија претставници на МВР. Очигледно е дека МВР бега од средба и пулените на Оливер Спасовски не дојдоа да објаснат како ние сме го нарушиле јавниот ред и мир. Јас воопшто не се чувствувам виновен, горд сум што го истакнав македонското знаме. Не сум го нарушил јавниот ред и мир, не постои ниту еден меѓународен, билатерален или мултилатерален договор што може да ме спречи мене како Македонец да го развијам македонското знаме, изјави Менкиноски.

Најави дека ќе бара од Судот да донесе ослободителна пресуда од причина што како и во претходните рочишта не се појавува никој од страната на обвинението, а смета дека ослободителната пресуда ќе значи слобода Македонците достоинствено и гордо да го веат знамето од Кутлеш.

Менкиноски го теретат за нарушување на јавен ред и мир за време на верскиот празник Водици. Сам се пријавил во охридската полиција дека е одговорен за поставувањето на знамето. Тој ја презема целата одговорност за настанот и тврди дека овој случај не може да биде третиран како нарушување на јавниот ред и мир, оти од него никој не бил вознемирен.

Слични содржини