Одбраната на Александар Ѓорчевски смета дека со денешната снимка прикажана во судот, на која се гледа дека при првиот обид за грабнувањето на Вања Ѓорчевска, обвинетите се вратиле по лопата, се покажува дека мотивот не бил грабнување за откуп туку сосема друг мотив.
Адвокатот Владимир Туфегџиќ оценува дека враќањето на Боре Видевски и Велибор Манев за да ја земат лопатата, на денот на неуспешниот обид за грабнување, исклучува било каква улога на таткото во случајот. Смета дека сторителите имале јасна цел за ликвидација на малата Вања.
Туфегџиќ посочи и дека ќе достави докази за имотната состојба на Александар и постапката која се води за денационализација за значителен имот во с.Кучково, скопско.
-Во секој случај се добиваат јасни контури на намерите на сторителите на убиството и се исклучува било каква инволвираност по однос на изнуда и користољубие. Целосно се исклучува улогата на таткото. Досега не е изведен ниту еден доказ кој укажува, рече адвокатот пред медиумите.