Адвокатот на Додик: Ќе дојдеме во судот на БиХ по барање на судијата, иако нема услови за претрес

од Stefanija Kuzmanovska
280 прегледи

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска ќе дојде на закажаното рочиште пред судот на Босна и Херцеговина, бидејќи судијата побара од него да дојде иако нема услови за одржување, изјави адвокатот на претседателот на РС, Горан Бубиќ, пренесе N1.

„Судијата побара да дојдеме. Ќе одиме, иако нема услови за претрес“, рече Бубиќ.

Тој истакна дека не ја гледа целта на рочиштето и нагласи дека не може да се очекува правично судење на Додик и Лукиќ бидејќи барањата на одбраната биле одбиени, а за нив не се одлучувало мериторно.

Според Бубиќ, одбраната тврди дека нема кривично дело за кое се товарат Додик и Лукиќ бидејќи Кристијан Шмит не е висок претставник бидејќи назначувањето не било потврдено во Советот за безбедност на ОН.

Пред Судот на Босна и Херцеговина за денеска е закажано рочиште за случајот против претседателот на Република Српска, Милорад Додик и вршителот на должноста директор на Службен весник, Милош Лукиќ за непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.

Слични содржини