Адвокатот на Лукаку оваа недела ќе се сретне со Интер

од Vladimir Zorba

Адвокатот на Ромелу Лукаку, Себастиен Ледуре, утре ќе биде во Милано на средба со челниците на Интер, соопшти италијанскиот новинар Николо Шира.

На средбата ќе се разговара за можноста за враќање на Лукаку на „Џузепе Меаца“, каде белгискиот напаѓач одигра многу цврсто и им помогна на „нероазурите“ да го освојат Скудетото.

Сепак, сезоната 2021/22 не беше воопшто успешна за Лукаку во Челси. Ќе биде тешко да се реализира овој трансфер, а доколку зделката стане реалност, „сините“ ќе се согласат да го пуштат Лукаку во Интер на позајмица.

Минатото лето Челси за напаѓачот на Интер плати 113 милиони евра, но тој разочара со настапите во неодамна завршената сезона, постигнувајќи 8 гола на 26 натпревари во Премиер лигата.

На останатите турнири Белгиецот постигна вкупно 7 голови.

Слични содржини