Известувањето на Синдикатот на контролори на летање за штрајк не содржеше никакви барања од работен однос и доаѓа со прескокнување со задолжителна постпака за задолжително помирување на субјектите. На крајот на денот, известувањето е поднесено од нелигитимен субјект, вели адвокатот адвокатот Горан Николоски, овластен застапник на М-НАВ по поднесеното барање на ССКЛ штрајк кое беше одбиено од Граѓанскиот суд.
Николоски информира дека Судот закажал расправа и бил извршен обид за достава до тужените кој бил неуспешен, како на работното место, така и на адресата на живеење.
-Аналогно на тоа што не можеше да се изврши достава и што станува збор за јавен интерес, Граѓанскиот суд донесе решение со кое штрајкот го забрани како законит. Сето тоа што го тврдиме на оваа прес-конференција, Судот утврдил дека известувањето не содржи барање за заштита од работен однос и правилно утврдил дека не е спроведена постпака за помирување кое е задолжителна според закон. Исто така, ССКЛ како подружница нема правен легимитет да организира штрајкови. За појаснување, ССКЛ е организиран како подружница на Независен синдикат за сообраќај и врски. ССКЛ нема правен легитимитет и не може самостојно да преземе дејствија. Целокупното постоење е во рамките на Независниот синдикат, рече Николоски во изјава за медиумите.
Адвокатот на М-НАВ исто така нагласи дека организирањето на подружницата како синдикат воопшто не постои во правниот систем на Република Македонија.
-Синдикатите во земјава се организираат и основаат исклучиво на базата на одредбите на Законот за трговски друштва. Апсолутно одлуката на Судот е законита и донесена во законита постапка, потенцира Николоски.