Адвокатот на Мијалков: Излегувањето од притвор е заживување на европските вредности

од Nikola Popovski
360 прегледи

Адвокатот на Сашо Мијалков, Ѕвонко Давидовиќ смета дека денешното излегување на неговиот клиент од притвор е „европска вредност“.

-Почнуваат да заживуваат европските вредности во земјата, затоа што вака висока гаранција и толку време во притвор не се понудени досега и нејасно е што веќе еднаш беше одбиена гаранцијата. Судството има слух за такви работи и почнува да ги прифаќа гаранциите, вели Давидовиќ.

Според него, моментално се спроведува решение во Катастар за да се стави хипотеката, односно гаранцијата и потоа кога ќе биде спроведена, решението ќе стане правосилно и Мијалков ќе биде пуштен да се брани од слобода.

Поранешниот директор на УБК даде гаранција од над 11 милиони евра и таа се состои од недвижен и подвижен имот.

Слични содржини