Адвокатот на приведените Бугари: Ги пуштија после 6 часа, ги тепале на контролен пункт

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Тројцата Бугари од партијата Преродба кои вчера беа приведени вчера на граничниот премин-Деве Баир, шест часа биле држени со лисици на рацете во полициската станица Крива Паланка.

Нивниот адвокат информира дека што по полноќ биле пуштени откако платиле вкупно 1.700 евра со судски трошоци. Адвокат кој има канцеларија во Ќустендил вели дека двајца од нив биле и тепани, пренесе БНР.

– И двајцата беа модри…Георгиев очигледно имаше скршен нос. Им реков да одат на лекарски преглед. Окото беше сино, другите двајца немаа многу модринки на лицето…ги пуштија во лисици после шест часа, тие биле тепани овде – ги тепале на контролен пункт. На еден телефонот му го нема – исчезнал. Имало камери, ќе правеле истрага – изјави адвокатот.

Слични содржини