Личниот адвокат на претседателот на САД, Трамп, Мајкл Коен изјави дека тој лично платил 130.000 долари на порно актерка која наводно имала афера со Трамп во 2006 година.

Коен за Њујорк Тајмс наведе дека ни организацијата „Трамп“, ни луѓето задолжени за претседателската капмања немале врска со исплатата на пари кои и ги дал на Стефани Клифор, позната во порнографската индустрија како Сторми Данијелс.
Тој вели дека исплатата била законска, но одби да наведе детали.
„Ни организацијата Трамп, ни неговата комапнија не се учесници во трансакцијата со госпоѓицата Клифорд, ниту ми го надокнадијал износот кој го дадов, ни директно, ни индиректно“, наведува Коен.
Американските медиуми претходно пренесоа дека исплатата е извршена еден месец пред претседателските избори во САД во ноември 2016 година за наводите дека Сторми имала сексуален однос со тогаш бизнисменот Трамп, да не стигант во јавноста.
Таа изјави дека имала сексуален одност со Трамп во јули 2006 година, по еден турнир во голф кај езерото Тахо, во туристичкиот регион меѓу Калифорнија и Невада. Трамп тогаш беше во брак со сегашната сопруга Меланија Трамп.
Белата куќа потоа ги демантираше информациите наведувајќи дека тоа се „стари и рециклирани информации, кои се објавени и демантирани пред изборите“.