Адвокатот на врховниот судија Наке Георгиев поднесе жалба: Навел повеќе аргументи дека Георгиев не требало да е во притвор

од Илинка Илиоска

Адвокатот на врховниот судија Наке Георгиев на кој му е одреден 30-дневен притвор во врска со случајот во кој беше фатен со 10.000 евра, поднесе жалба. Во жалбата што бранителот на Георгиев ја поднел до кривичниот совет навел повеќе аргументи меѓу кои и тоа дека Георгиев не требало да добие притвор затоа што ниту за обвинителството не постоела опасност дека ќе избега. Најстрогата мерка врховниот судија ја добил поради другите два законски основи, влијание врз сведоци и повторување на делото.

Адвокатот Тумановски смета дека не може да стане збор ниту за опасност од повторување на делотото затоа што Судскиот совет го суспендираше Георгиев од работното место.

Второобвинетиот во случајот, поранешниот Омбудсман, а сегашен потпретседател и член на Советот на јавни обвинители Иџет Мемемти не знае зошто обвинителството побарало да се преземат мерки за негово обезбедување. Утре во Кривичен ќе бара одговор зошто не смее да ја напушта државата.

Иџет Мемети, тврди дека е наместен во случајот со земање мито од 10.000 евра со кои беше фатен и приведен врховниот судија Наќе Георгиев.

Во центарот на оваа истрага е екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, познат под прекарот Малборо, кој се сомничи за шверц со марихуана. Според пријавата на неговиот син двајцата осомничени лажно ветувале дека ќе извршат влијание во корист на неговиот татко. Обележаните пари им биле подарени, а полицијата извршила истрага.

 

Слични содржини