Адвокатот Станојевиќ: Ни треба помирување, но Законот за амнестија не носи позитивни рефлексии

од desk2
191 прегледи

Вака концептиран Закон за амнестија ќе донесе голем број на конфузии и дилеми кои ќе останат да тлеат во нашиот систем. Без разлика што апсолутно се согласувам со потребата од национално помирување, со потребата од релаксација на ова наше општество, со нужноста како нација конечно искрено да започнеме да се бориме за подобро утре, сепак вакви Законски решенија не носат позитивни рефлексии. Довербата на луѓето во целокупниот наш систем е разурнета, голема е бројката на луѓе кои не веруваат во правда и правичност на нашето судство и тоа е слика која доколку сакаме поведра иднина мора да ја подобриме, вели адвокат Иван Станојевиќ, еден од младата генерација на успешни адвокати во Македонија, во интервју за Точка.

Смета дека во суштина и во практиката не постои Закон за амнестија кој не задира директно во правосудниот систем, со кој на еден груб начин политиката не се меша правосудството. Токму затоа носењето на вакви Закони, треба и мора да биде внимателно, прецизно и во неговото изготвување да учествуваат лица од различни области на правосудниот систем. За жал кај нас тоа ретко кога се случува. Затоа и овој последен Закон за амнестија кој се однесува за настаните за 27 април 2017 година, кој патем е шести Закон од осамостојувањето од голем број професори и практичари е критикуван и оспоруван.

„Без разлика што индивидуално на некои лица тој им оди во прилог, за да не се урнисаат правните темели на државата сите закони особено еден ваков со кој на еден начин се ограничува дејствувањето на судот и неговите одлуки мора да биде правно перфектен. За последниот закон од формално правен аспект можам да кажам дека е далеку од перфектен, во најмала рака со чудни и непрецизни решенија“, додава Станојевиќ.

Слични содржини