Адвокатот Тортевски бара Спасовски да поднесе оставка поради автобуската несреќа на „Беса транс“

од Stefanija Kuzmanovska

Адвокатот Александар Тортевски во емисијата 24 анализа во врска со барањето на Антикорупциска за одговорност за несреќата на „Беса Транс“ во Бугарија истакна дека Оливер Спасовски има политичка одговорност и треба да понесе оставка зошто во неговото министерство организацијата не функционирала и некој затаил.

„Тој што го чувал документот за техничките проблеми на превозникот, тој има кривична одговорност зошто направи злоупотреба на службената положба, му овозможил на некој субјект да обавува дејност спротивно на законите. Сигурно е дека МВР потфрлиле. Ако министерот поднесе одговорност, тој има морална обврска да го расчисти случајот и да поднесе одговорност“, наведе Тортевски.

Слични содржини