Бранителот на рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој во моментов отслужува две и пол години затвор, изјави денеска дека здравствената состојба на опозиционерот се влошува откако е префрлен во казнената колонија.
Олга Михајлова, една од адвокатите на главниот критичар на Кремљ, изјави за АФП дека Навални неодамна се пожалил на „силна болка во грбот“ и додаде дека едното нозе му се отепало во вторникот.
Навални посетил невролог, кој не му ја кажал дијагнозата, но му препишал лек ибупрофен, додаде бранителот, наведувајќи дека треба да го посети „вистинскиот лекар“.
Бранителот рече дека денес не може да го види својот клиент кој е во казнената колонија во Покрово, околу 100 километри источно од Москва, за која е познато дека е една од најтешките во Русија.
Навални (44) беше лекуван од труење со нервни агенси минатата година во Германија и беше уапсен во јануари по враќањето во Русија.