АЕК бара нов мобилен оператор – цените на мобилната телефонија поскапени

од Vladimir Zorba
83 прегледи
Како резултат на меѓупкомпаниските спојувања на телекомуникацискиот пазар, цените во мобилната телефонија се зголемени – информираа од Агенцијата за електронски комуникации.
prisluskivanje-mobilni
Од таму велат дека по спојувањето на Македонски телеком со Т-мобиле и на Оне со Вип, цените за мобилната телефонија се зголемиле за 15 отсто, а пораст е регистриран и на цените на мобилниот интернет за околу 20 проценти. Од агенцијата велат дека се прави  обид  да привлече нов мобилен мрежен оператор во земјава за да се зголеми конкуренцијата. Неодамна пазарот го напушти “Албафон“ кој влезе како четврти мобилен оператор, но се отакажа по две години работа во земјава./24 Вести.