АЕК ќе ја анализира оправданоста за изградба на антенскиот столб на Водно

од desk4
68 прегледи

Агенцијата за економски комуникации има рок од 1 месец да направи детална анализа за оправданоста на изградбата на антенскиот столб на Водно.

Тоа им е наложено со одлука на Владата донесена на денешната седница. Владата побара да се види оправданоста за изградбата на столбот или тие средства да се пренаменат за други потреби на граѓаните, соопшти портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.