Аеродром и Ново Лисиче цел ден без вода

од desk2
90 прегледи

Голем дефект ја остави без вода населбата Аеродром уште синоќа.

Од „Водовод“ велат дека дефектот на булеварот Видое Смилевски – Бато, на раскрсницата со булеварот Србија, каде без вода е високата зона во Аеродром и Ново Лисиче, ќе биде отстранет по 15 часот.

Пукната е цевка Ф400, се работи интензивно на санирање на дефектот.

„Се очекува да се санира дефектот до крајот на работното време, околу 15.30 часот“, соопшти „Водовод“.