Издавачот на таблоидот обвинет за прикривање на приказната за наводната поранешна љубовница на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2016 година се согласи да плати казна за кршење на изборните закони во САД.
Трамп нема да биде казнет ниту ќе биде предмет на дополнителни истраги, пресуди Федералната изборна комисија (ФЕЦ), пренесува Би-Би-Си.
ФЕЦ откри дека парите платени на поранешната Плејбој манекенка Карен Мекдугал за време на претседателските избори претставуваат незаконски придонес во кампањата.
Издавачот National Enquirer ќе плати казна од 187.500 долари.
Поранешниот претседател претходно негираше дека имал афера со Мекдугал.
Таа рече дека ја продала својата приказна на Enquirer за 150.000 долари, и склучила договор со кој ѝ се забранува јавно да зборува за наводната афера со Трамп од 2006 година.
Во пресудата на ФЕЦ се вели дека издавачот на Enquirer, American Media, „свесно и намерно“ ги прекршил изборните закони плаќајќи ги правата на приказната на Мекдугал и никогаш не ја објавил во практиката позната како „фати и убиј“.