Сведочењето на експремиерот Владо Бучковски за аферата Телеком дадено пред американските власти стана достапно за јавност. Во него тој вели дека немало потреба македонската јавност да биде информирана за протоколот за соработка со Маѓар Телеком и оти тој и бил „прераскажан“.

Станува збор за документ врз кој се базира сомневањето за поткуп на македонски функционери во аферата Телеком, пишува истражувачката мрежа БИРН. Главната цел на протоколот на соработка кој бил потпишан со Маѓар Телеком во 2005 година била да се обезбеди дивиденда за државата, тврдел поранешниот премиер Владо Бучковски во своето сведочење пред американски власти кое се одржало на 7 февруари 2014 година во Вашингтон, САД.
Бучковски, пишува во текстот на БИРН, бил повикан како сведок во рамките на истрагата која американската комисија за хартии од вредност ја води против поранешните водечки луѓе на Маѓар Телеком, Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Морваи. Тие се обвинети за поткупување на владини функционери во македонија во периодот од 2004 до 2006 година. Протоколот никогаш не бил заведен во архивата на Владата, затоа што се сметал за необврзувачки документ, но одлуката сведочел Бучковски, била негова, туку така го советувале експертите„.Тоа ја ослободува владата од обврски доколку договорот не е исполнет. Затоа што беше јасно дека нема да може да се реализира сѐ што е наведено во него, изјави Бучковски според БИРН.