Аферата Маѓар Телеком „плаче“ за обвинителна истрага, а молкот е пораз за системот!

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Поранешниот антикорупционер, адвокатот Драган Малиновски предупредува дека аферата „плаче“ за обвинителна истрага, пишува Дојче Веле .

0,,15828478_303,00

„Мојата дилема е што досега се чекаше во обвинителството, да отпочне со нешто и да не чекаме други да ни ги вршат нашите валканици. Јас ова го доживувам како поразително за системот, за нешто што ни се случувало овде, за некој што ни ги корумпирал овдешните политичари и правел дисторзии на пазарот за што цената ја плаќале граѓаните.

Апсолутно дека има основа за обвинителството, немам дилеми, но не покажавме волја и напори институционално да загриземе во тој случај. Затоа воопшто не држат исказите на обвинителот дека станува збор за граѓанска парница, туку станува збор за нешто што е најтежок, најсофистициран облик на корупција, политичката корупција. Вие да правите дисторзија на пазарот и граѓаните да ги малтретирате со високи цени на пазарот и свесно да правите монопол и сега да кажете дека тоа е граѓанска парница тоа не држи. И тоа сега да ни го решаваат Американците и сега ние ќе чекаме докрај. Што се однесува пак до моментумот, не гледам посебно дека Американците се загрижиле за нашата политичка состојба да расчистуваат, тие си го тераат својот дел од работата, да расчистат, да го ефектуираат правото. Како што си инкасираа со Дојче Телеком 95 милиони долари, има своја смисла зошто тие се трудат“, коментира Малиновски./DW