Африм Гаши поднел оставка од функцијата претседател на Алтернатива

од Milan1
287 прегледи

Поради кандидатурата за претседател на Собранието на РСМ, Африм Гаши поднел оставка од функцијата претседател на Алтернатива.

– На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четврток (23.05.2024 година), меѓу другото, се разговараше и за кандидатурата на Африм Гаши за претседател на Собранието на Република Северна Македонија. Бидејќи уставот на РСМ, член 67, определува дека претседателот на републичкото собрание не може да биде и претседател или функционер на политичка партија, Африм Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива и од сите други функции на партијата. Пред тоа, согласно статутот на Алтернатива, претседателот Африм Гаши го овласти потпретседателот Беким Сали да ги извршува формалните обврски на партијата до конечното решавање на темата на претседателот на Алтернатива, соопштуваат од партијата.

Слични содржини