Афроамериканецот Брукс мирно разговарал со полицијата, пред да биде три пати застрелан (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
274 прегледи

Пред да биде убиен од полицијата во Атланта, 27-годишниот Афроамериканец Рајшард Брукс, разговарал мирно со нив, покажа ново видео од најновото убиство на полицијата на невооружено лице во САД.

Снимките од камерата направени од еден од службениците, покажуваат дека Брукс разговарал со полицаецот, кој му кажува да потврди дека испил еден и пол пијалоци и го замолува да каже кои.

Брукс се слуша дека ги потврдува зборовите на полицаецот, на што тој одговара дека „тој смета дека пиел премногу и не треба да вози“.

На снимката се гледа како полицаец шета наоколу Брукс и му вели да ги стави рацете зад грб.

Во тој момент, Брукс се обидува да избега и се случува тепачка за време на која полициската камера паѓа на подот.

Снимките што кружат на Интернет покажуваат дека Брукс се бори со двајца полицајци пред да избега, по што се слушаат три истрели од пиштол, а Брукс се гледа како паѓа на земја.

Полицијата во Џорџија соопшти дека Брукс се спротивставил на апсењето и дека одзел електричен шокер од полицаец за време на бегството.

Младиот човек бил пренесен во болница и починал на маса за операција.

Исто како и неодамнешното убиство на Џорџ Флојд, убиството на Брукс предизвика насилни протести.

Демонстрантите вчера го запалија ресторанот на Венди, на паркингот на кој беше застрелан Брукс.

Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите и 36 лица беа уапсени, пренесува „Mirror“.

Еден од полицајците што учествуваше во пукањето беше отпуштен од работа, додека другиот е префрлен на административна работа.