Афтите настануваат од стрес, слаб имунитет и болести на желудникот

410 прегледи

Афтите се рани во усната шиплина, се појавуваат кај 20% од луѓето. Често се појавуваат кај жени и помладата популација. Стресот, слаб имунитет, слабокрвност, болести на желудникот и цревата, како и одредени лекови можат да влијаат на настанувањето на афтите.

Најчесто можат да се појават на јазикот, образната слузница и слузницата на усните, а никогаш на тврдо непце и непцата. Можат да бидат многу мали, но и големи, слични на херпес.

Малите се до еден центиметар, во просек траат од 7 до 14 дена и заздравуваат без да остават лузна.

Големите афти се поголеми од еден центиметар и можат да траат од 4 до 6 недели. Поспоро зазсравуваат бидејќи станува збор за подлабока рана. Кај нив се зголемени лимфните чирови.

Афтите кои наликуваат на херпес се ранички од 1-2 милиметри. Најчесто се појавуваат под јазикот или на образот и јазикот. Потсетуваат на херпес, но немаат никаква врска со него. За разлика од херпесот, кај афтите нема температура и болки во телото.

За да ги ублажите симптомите, внимателно четкајте ги забите. Користете мека четка. Одбегнувајте крута храна како кора од леб, чипс. тврдо месо или пржена риба. Тоа може да ја надразне афтата и да ја зголеми болката. Одбегнувајте кисели и силни напитоци, како алкохол и газирани пијалоци. Истото важи и за киселите и силни зачини како оцет и табаско. Жешката храна и пијалоците ги влошуваат симптомите. Се смета дека афтата може да се појави и при користење на некои пасти, па превентивно можете да ја смените и пастата за заби која ја користите.

Слични содржини