Агелер бара лидерите да им објаснат на граѓаните зошто се носи Законот за амнестија

од Nikola Popovski
635 прегледи

Разбирам дека предлог-законот е во Собранието, но моментално не знаеме кои се новостите. Најважно за САД и амбасадата е процесот да биде транспарентен, легален и граѓаните да знаат зошто се носи таков закон, вели американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер околу Законот за амнестија, кој за десетина дена треба да се најде на пленарна седница во Парламентот.

Според неа, функционерите и лидерите треба да ѝ објаснат на заедницата и јавноста која е улогата на таквиот закон.

-Ние го поддржуваме процесот, истакна Агелер.

За најавените уставни измени, амбасадорката истакнува дека за земјава е најважно да биде во ЕУ.

-Знам дека е тешко, но погледнете ги децата. За овие деца е важно да имаат можности да сакаат да останат во земјава. Ова е вашиот пример зошто е важен интеграцискиот процес. Земјава е дел од Европа и треба да ја придвижиме да влезе во европското семејство. Секој момент треба да се искористи, побара Агелер, при посетата на  село Радово, Општина Босилово.

Слични содржини