Агелер: Мора да престане притисокот врз судиите во С. Македонија

од Nikola Popovski
287 прегледи

Сите треба да ја почитуваат независноста на судиите кои што треба да бидат слепи за политичките влијанија и јавните мислења и да бидат водени од начелата кои што се втемелени во нашите уставни, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер на меѓународната конференција на тема „Уставно-судска заштита на слободата на мислата и слободата на јавно изразување на мислата“.

Како што порача Агелер на церемонијата за 60 години Уставен суд во земјава, „американскиот уставен судија се уште смета дека нашиот Устав не е напишан во песок за да може да се измие со секој бран од нови судии кои што се под влијание на политички бранови“.

-Притисокот кој што е ставен врз судиите во овие судови може да биде огромен, но ние како граѓани инсистираме тие притисоци да бидат елиминирани и нашите судии секогаш да бидат независни. Од аспект на претстојните избори, судската независност е од суштинско значење како и секогаш досега. Само независни судии можат да го запазат владеењето на правото и да ги заштитат правата. Судиите мора да делуваат објективно и правично. Јас имам слушнато многу од вас за притисоците. Притисоците врз судската власт во С. Македонија е нешто што мора да престане. Судиите мора да бидат ослободени, за да можат да го практикуваат правото. Граѓаните имаат потреба од тоа и се повеќе го бараат, рече меѓу другото Агелер во своето обраќање.

Слични содржини