Тоа е аргумент што сигурно сум го слушнала. Јас сум Американка, па се надевам. Јас верувам во позитивни работи и исто така имам надеж за оваа земја затоа што верувам во народот на С. Македонија. Верувам во македонските граѓани кои побараа од нивните лидери и нивните функционери да преземат акција. Многу го слушнавме тоа. Исто така ме охрабрува дека што многу гранки на судството се огласија откако беше објавено соопштението, за да кажат дека веруваат како треба да има продолжение, изјави американската амбасадорка, Анџела Агелер за најновата американска црна листа со санкции, запрашана зошто корупцијата нема последици во македонското општество.
Таа во емисијата на „Слободен печат“ истакна дека и дека американските власти внимателно ги следат истрагите и приведувањата и се надеваат дека ќе вродат со плод. Запрашана дали била изненадена што го видела името на екс-вицепремиерот Артан Груби на ажурираната црна листа на САД, Агелер изјави: „Не“.
-И моја претпоставка е дека веројатно никој во оваа земја, меѓу граѓаните, судството, меѓу кои било други, не би бил изненаден кога го видел неговото име на листата. Една од работите што е постојано вистинита е кога САД објавуваат назначување на некој поединец, никој не вели „боже, не ми се верува“. Сите знаат во оваа држава кој е корумпиран. Ова е нешто за кое што тесно соработувавме со Вашингтон за да го обработиме. Воопшто не бев изненадена, кажа американската амбасадорка.