Агелер: Ништо не се постигнува со останување дома, негласањето не е вистинскиот одговор

од Nikola Popovski
305 прегледи

„Гласачите мора да бараат од кандидатите детални планови за иднината и гласачите откако ќе се информираат, треба да гласаат. Мора да гласаат и да го изберат кандидатот што ги одразува нивните соништа за иднината, бидјеќи ништо не се случува случајно и ништо не се постигнува со останување дома“ рече американската амбасадорка Ангела Агелер за ТВ24.

Таа додаде дека во земјава има доста гласачи кои се откажале кои не сакаат да гласаат, но според неа тоа не е вистинскиот одговор.

„Постои руско влијание, го има низ целиот регион и свесни сме за тоа. Но, прашањето е што прават луѓето околу тоа, без разлика на влијанието, дали е преку медиумите, рекламите, социјалните мрежи, троловите? Единствениот начин за борба против дезинформациите е едукацијата“ рече Агелер.

Амбасадорката додаде дека ваквите предизвици ги има и во САД и затоа е важно гласачите да бараат од кандидатите на изборите детални планови за иднината.

Слични содржини