Агелер: Убедена сум дека се работи на прашањето за уставните измени

„Ме охрабри фактот што гледам активни дискусии за започнување на процесот. Само еден глас за Уставот не е доволен“, истакна амбасадорката Агелер

од Nikola Popovski
18 прегледи Фото: U.S. Embassy North Macedonia

Американската амбасадорка, Анџела Агелер е убедена дека активно се работи на прашањето за уставните измени и внесување на бугарското малцинство, кои треба да го одблокираат процесот за членство во Европската Унија.

„Сигурна сум 100 проценти дека се работи на уставните амандмани“, рече Агелер.

На новинарско прашање дали тоа значи оти не се согласува со оние што велат дека Владата не презема ништо за уставните измени, таа одговори: „Да, не верувам“.

Агелер во емисијата „Дебата 21“ нагласи дека процесот е комплициран, но сепак се работи за да се започне.

„Секогаш велев дека навистина верувам дека оваа земја треба да биде дел од Европската Унија и за да се случи ова, процесите мора да се почитуваат. Не учествувам во преговорите, но можам да ви кажам дека се водат разговори што го отвораат патот. Ме охрабри фактот што гледам активни дискусии за започнување на процесот. Само еден глас за Уставот не е доволен“, истакнала амбасадорката.