Агенцијата за храна и ветеринарство забрани увоз и транзит на живи животни со потекло од Босна и Херцеговина поради вирусот кој ја предизвикува болеста „син јазик“.

Агенцијата во решението, објавено во Службен весник, ја образложи мерката дека е донесена поради заштита од внесување на вирусот во земјава.
„Со ова решение се забранува увоз и транзит на живи животни, семе, јајца и ембриони на животни кои потекнуваат од БиХ, од животни кои се подложни на вирусот „син јазик“.“
Болеста е заразна, а намјмногу заболуваат овци, говеда, кози и диви животни преживари.
Ја пренесуваат главно комарци, а не се пренесува од животно на човек.