Агелер даде заклетва за нова амбасадорка на САД во С.Македонија

од Берта Китинска
169 прегледи

На церемонија во Стејт департментот на САД, Ангела Агелер положи заклетва како нов амбасадор на САД во Република Северна Македонија.

Амбасадорот Агелер е член од кариера на Високата служба за надворешни работи, а неодамна беше заменик-шеф на мисијата во Мисијата на САД во Пакистан. Таа служеше и како привремен вршител на должност. Таа претходно служеше како министерски советник за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Париз, Франција, како дел од кариерата која вклучуваше и задачи во Скопје, Њу Делхи, Ханој и Вашингтон, Добитник на наградата за извонредност на помошник секретар и Наградата Mildred Sinclaire за јазик, амбасадорот Агелер зборува македонски, француски и малку хинди.

Агелер, која беше номинирана од страна на претседателот Џо Бајден за амбасадорка на САД во Северна Македонија, за време на сослушувањето во Сенатската комисија за надворешни работи, истакна дека ќе работи на национална стратегија преку која ќе се бара одговорност од корумпираните актери во земјата доколку таа и биде избрана за оваа функцина, пренесува Гласот на Америка на македонски.

„САД и Северна Македонија имаат многу заеднички приоритети, вклучувајќи ги борбата против корупцијата, подобрување на владеењето на правото и зајакнување на доброто владеење. Доколку бидам потврдена, ќе ги охрабрам судските реформи и ќе ги повикам институциите на Северна Македонија да промовираат транспарентност во истрагата на наводите за злоупотреба и одлучно да се спротивстават на корупцијата за да ја зајакнат довербата на јавноста во владеењето. Ќе работам со меѓуагенциските партнери за да ѝ помогнам на Северна Македонија да развие национална стратегија која ефективно ќе бара одговорност од корумпираните актери“,

изјави Агелер.