Барселона ќе направи уште еден обид да најде решение за случајот со Френки де Јонг кој и понатаму е сериозен проблем за клубот. Агентот на играчот, Али Дурсун, пристигна во каталонската престолнина и денеска се очекува да се сретне со раководството на „блаугранас“. Двете страни ќе разговараат за различни опции за излез од ќор-сокакот.
Како што е познато, Барса бара Де Јонг да ја намали платата или да се согласи да биде продаден. Меѓу кандидатите за потписот на холандскиот интернационалец се Манчестер Јунајтед и Челаи, а последните денови се појавија информации за интерес од Баерн (Минхен) и Ливерпул.
Во оваа фаза, Де Јонг категорично одбива да го намали својот надомест, бидејќи клубот веќе му должи помеѓу 17 и 18 милиони евра за одложени плати од периодот од пандемијата.
Според каталонските медиуми, посетата на Али Дурсун е поврзана и со уште еден негов клиент од Барселона – Мартин Брајтвајт. Данскиот напаѓач одби да го раскине договорот по желба на клубот.
Брајтвајт сака да добие 5 милиони евра за да замине како слободен агент.