Агентот на Јирген Клоп ги засили гласините дека германскиот специјалист би можел да го преземе Баерн Минхен. Сепак агентот Марк Кошицке нагласува дека неговиот клиент има намера да го исполни договорот со Ливерпул.
„Тој има договор до летото 2022 година и јас не мислам дека неговата работа во Ливерпул е завршена. Но треба да се земат предвид многу фактори. Кога ќе поминеш во Англија, не треба да го потценуваш недостатокот на зимска пауза, што го скратува животот“, вели Кошицке за ТВ Спорт1.
„Да водиш еден од најголемите клубови во Европа е нешто атрактивно, но работите треба да одговараат. Да, Баерн бара тренер за летото, но Јирген има долгорочен договор. Во моментов тој не мисли за друг клуб“.
„Нема тренер на овој свет, кој е поголем од клубот. Јирген не е премногу голем за Баерн и Баерн не е премногу голем за него. Тој сигурно може да заврши добра работа таму. Баерн и Клоп ќе си одговараат, но засега Баварците не се опција за него“.
„Баерн често бил опција, бидејќи Јирген го познава многу добро Ули Хенес. Но времето никогаш не беше соодветно и ние не сме имале конкретна понуда. Кога Франц Бекенбауер беше претседател на Баерн, двајцата со Клоп работеа како телевизиски експерти покрај светското 2006 година. Се разбираа добро и се уште се слушаат, но Јирген може и да ја заврши својата тренерска кариера, без да помине низ Баерн“, додаде агентот.