Агентот на Леброн за гласините: Нека си пишуваат новинарите…

од Vladimir Zorba
4 прегледи

Многумина предвидуваат дека ова лето може да биде многу жешко во таборот на Лејкерси, бидејќи франшизата наводно би можела да остане без Леброн Џејмс.

Се вели дека Лејкерси сакаат да се фокусираат на тоа Лука Дончиќ да биде главното лице на франшизата, и дека Леброн Џејмс би можел да биде продаден. Веднаш се појавија кандидати за новиот тим на Леброн, вклучувајќи ги Далас, Голден Стејт, Клиперси и Кливленд.

Исто така, агентот Рич Пол имаше изјави што би можеле да се протолкуваат така што Џејмс би можел да ја промени средината по неколку години со Лејкерси.

„Сакаме да размислиме што е најдобро за Џејмс во овој момент од неговата кариера. Тој сака да ја искористи секоја сезона што му останала и Лејкерси го разбираат тоа“, рече агентот на Леброн, Рич Пол.

Сега, сепак, тој имаше нова изјава во која повторно не кажа ништо конкретно и од која повторно не е јасно дали Леброн останува или ги напушта „езерата“.

„Има толку многу гласини низ НБА. Секој си брка работа. Нека си ја работат работата, не е наше да го толкуваме или да кажеме што е правилно, а што не. Тоа не е наш фокус. Треба да уживаме во летото. Имам толку многу работи да направам. Не можете да негирате сè што некој кажал“, рече Рич Пол за SiriusXM Radio.

„Од никого не се очекува толку многу колку од него. Но, мојата порака до него е дека треба да продолжи да ја бара својата среќа. Не можете да им покажете на сите колку грешат. Секогаш ќе има критики и тоа е порака за сите играчи“, додава Пол.

Слични содржини