Агентот на Осимен негираше за разговори со Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
217 прегледи

Агентот на Виктор Осимене, Роберто Календа ги демантираше информациите дека Манчестер Јунајтед и Наполи преговараат Нигериецот да им се приклучи на „црвените ѓаволи“.

Се тврдеше дека агентот на Кристијано Роналдо, Жорже Мендеш, се обидувал да договори размена меѓу двата клуба, при што Осимен би тргнал во една насока, а Роналдо во друга.

Сепак, Календа е дециден дека такви преговори не се водат.

„Нема разговори за таква размена. Осимен е играч на Наполи и сака да игра во Лигата на шампионите со Наполи, откако му помогна на тимот да се квалификува на турнирот со својот настап на теренот, со гордост и со помош на соиграчите и на тренерот“, напиша Календа во Твитер.

Осимен ја започна својата трета сезона на „Диего Армандо Марадона“. Досега има 30 гола на 64 натпревари за клубот.

Слични содржини