423
Од Агенцијата за лекови и медицински средства потсетува дека антибиотиците се индицирани за третман на бактериска инфекција, но не и вирусна.
– Апелираме до граѓаните да не користат антибиотици за превенција и третман на ковид-19 на своја рака, по свое лично убедување и без претходна консултација со лекар или фармацевт – пишува во соопштението од Агенцијата.
Оттаму ги потсетуваат здравствените работници на насоките за рационално користење на антибиотици, нивна употреба согласно индикациското подрачје, како и издавање на антибиотиците во аптеките исклучиво на лекарски рецепт.