353
Вкупно 90 машини за перење, 86 возила и 19 парчиња компјутерска опрема во текот на оваа година доделила Агенцијата за управување со одземен имот, и тоа на повеќе државни органи, фондови, агенции и дирекции.
Во тек е и акцијата за донација на машини за перење на алишта, наменети за јавните здравствени установи, болници, затвори и градинки, изјави за МИА директорот на Агенцијата, Фатон Асани.
Тој посочи дека за време на пандемијата, како и воопшто, Агенцијата доделила значително количество на облека, разна стока, обувки, компјутерска опрема, алати, клима уреди и други предмети, ткаенина за изработка на заштитни маски, завеси за градинки, реквизити за домаќинството, предмети за градинсарството, како и машини за перење алишта.