Агилера ја пофали Бритни Спирс: „Секоја жена заслужува да се чувствува моќно…“

од Vladimir Zorba

Кристина Агилера ја изрази својата „почит и восхит“ кон Бритни Спирс откако нејзината колешка ја критикуваше минатата година. Спирс минатата година ја повика Агилера затоа што „одбила да зборува“ дека на Бритни и било спречено да управува со нејзиниот живот.

На црвениот тепих на Латино Греми наградите во ноември, Агилера беше замолена да го каже своето мислење за оваа тема, што таа одби.

– Не, не го правиме тоа вечерва. Жал ми е – рече тогаш Кристина.

Да потсетиме, Бритни пред неколку месеци по повеќе од една деценија повторно доби дозвола да управува со својот живот (во тој период со животот „управуваше“ нејзиниот татко).

Неколку месеци подоцна, Агилера си ја отвори душата.

– Ова е тема на која дефинитивно сакам да внимавам затоа што никогаш не би сакала да зборувам зад грб за некој кон кого имам толку многу почит и восхит – изјави Кристина.

Агилера имаше само пофални зборови за Спирс.

– Секоја жена заслужува да се чувствува моќно… Растењето во овој бизнис може да биде лудо… – посочи Агилера, додавајќи дека ја разбира Бритни и дека е важно жените да се поврзат и да имаат поддршка, пишува „NME“.

Слични содржини