Агим Чеку во Хаг на 28 септември

од Stefanija Kuzmanovska
238 прегледи

Командантот на Генералштабот на поранешната Ослободителна војска на Косово, Агим Чеку, беше повикан во Специјалниот суд за гонење на злосторства на членови на таа организација за време и по конфликтите во 1998 и 1999 година.


Агим Чеку е повикан во Специјалниот суд во Хаг како осомничен, а тој ќе се појави пред истражителите на обвинителството на 28 септември.

Чеку потврдил дека поканата за испрашување ја добил вчера.

Пред него, другите членови на Генералштабот, како и водечките регионални команданти на поранешната ОВК – Хашим Тачи, Кадри Весељи, Рамуш Харадинај, Јакуп Красниќи, Сами Љуштаку, Рустем Бериша и други – веќе беа сослушани во Специјалниот суд.