Агитаторите на Трамп создаваат медиуми за крајната десница во Европа

од desk3
82 прегледи

zx450y250_2861277Новинарската мрежа Breitbart News Network, прочуена по агресивна, расистичка и ксенофобична реторика во поддршка на Доналд Трамп, подготвува проширување на своите активности во Германија и Франција. Целта е да се помогне на политичари од крајната десница во двете европски земји, каде анти-имигрантските чувства се во пораст, да победуваат на избори.

 

Ова го соопшти “Ројтерс”, повикувајќи се на интервју со главниот уредник Алекс Марлоу и извори блиски до Стивен Банан – раководител на сајтот BreitbartNews кој на 17 август беше назначен од Трамп за шеф на предизборниот штаб. Компанијата ги развива своите активности и во САД, работејќи на страстите, вметнати од кампањата за претседател, која заврши со победа на 70-годишниот њујоркачнин.

Breitbart кои имаат британски сајт, се илустрација за тоа како медиумите од крајната десница се раздвижија по победата на Трамп.zx450y250_2861282

Марлоу вели дека планираат да вработат уште новинари во САД и да ја зголемат мултимедијалната продукција на Breitbart со повеќе видео и подкаст. “И без тоа правиме во моментов огромно количество политички репортажи, па не знам што повеќе би направиле, но дефинитивно нема да се скрати ништо.”

Технолошкиот уредник Мило Јанопулос веќе разговара со продуценти надвор од Breitbart за евентуално започнување на телевизиско шоу, дополнува Марлоу. јанопулос се прослави со навредливи коментари против феминистки, муслимани и движењето Black Lives Matter, кое произлезе од случаите на убиства на невооружени црнците од полицајци. Во јули компанијата “Твитер” го блокира неговиот профил заради ширење омраза спрема актерката Лесли Џонс.

Со месеци имаѓе шпекулации дека Трамп може да започне сопствена Trump TV, ако изгубеше на изборите. Според “Фајненшл тајмс” негов зет дури бил љубопититен за мислење меѓу медиумски експерти, но идејата не напредна повеќе од тоа.

Тројца извори на “Ројтерс” потврдуваат дека републиканецот не обезбедил потенцијални инвеститори, партнери и бараните дозволи за нова телевизиска мрежа.

zx450y250_2861281
Банон, кој ја предводеше Breitbart по смртта на основачот Ендрју Бритбарт во 2012г., смета дека може да го отклучи потенцијалот на бранот американски популизам, сличен на оној кој ја извади Британија од ЕУ. Во моментов не е јасно дури и дали ќе се врати Breitbart откако Трамп победи.

Во 2013 година. поранешниот банкар од “Голдман Сакс” започна во Лондон британската верзија на Breitbart токму заради “бизнис можностите” за кампања во корист на Брекзит, велат уште изворите на “Ројтерс”. За раководител тој го избира младиот конзервативец Рахим Касам, но исто така го привлекува новинарот ветеран Џејмс Делингпол.

Бизнис и политичките цели на Breitbart се преклопуваат до таков степен што Касам отиде на одмор, за да го советува Најџел Фараж. Колку популарно стануваше антиевропското движење, толку повеќе луѓето влегуваа во сајтот и Банон кој привлекуваше повеќе рекламирање. Портпаролката на британската единица одбива да открие нешто за приходите, рекламите и спонзорите.

Breitbart е симбол на експанзијата на крајно десничарските медиуми во конзервативните средини. Мрежата е гласноговорник на т.н.. алтернативна десница – движење со лабави врски, составена од бели националисти, антисемити, противници на имигрантите и љубители на конспиративни теории – која постојано ги напаѓа не само политичките противници од Демократската партија, но и елитата на Републиканската партија.