Агонија на Јунајтед: Волвс ги однесоа трите бода од „Олд Трафорд“

од Nikola Popovski
241 прегледи

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед беа поразени од Вулверхемптон (1:0), во последниот натпревар од 21. коло на Премиер лигата.

Победничкиот гол за „волците“ го постигна Жоао Мутињо во 82. минута.

Адама Траоре нафрли од десната страна, повратникот Фил Џонс за момент ја отстрани опасноста, сепак Португалецот упати неодбранлив удар за Давид де Хеа од работ на шеснаесетникот.

Ова е прв неуспех за „црвените ѓаволи“ во првенството по шест одиграни натпревари, а на табелата остануваат седми со 31 бод. Воедно, ова е прв пораз на Ралф Рангник на клупата на гигантот од Манчестер.

„Волците“ се една позиција подолу, со три бода помалку и евидентно е дека нивната форма полека расте.

Јунајтед во следното коло, на 15 јануари, ќе му гостува на Астон Вила, додека истиот ден „волците“ ќе го пречекаат Саутемптон.

Слични содржини