Седум здравствени работници се обвинети за смртта на Диего Армандо Марадона, а сега се појавуваат детали кои говорат за намерното невнимание кое и претходело на смртта на фудбалерот.
Оскар Франко, познат кардиолог, го прегледал Марадона два месеци пред неговата смрт, но забележал дека неговиот предлог да се направи важна кардијална анализа бил отфрлен од Леополд Лук, личниот лекар на Марадона.
„Сакав да направам тест за перфузија на миокардот за да ја видам состојбата на неговото срце, но Лук не сакаше“, рекол Франко, кој е кариолог во санаториумот во Ипенса. Марадона бил задржан на истото место во септември 2020 година.
Овој тест се препорачува за луѓе со тешка хипертензија, аритмии или симптоми на срцева слабост. Служи за откривање на коронарна болест. Франко во своето сведочење истакнал дека така може да се утврди ризикот и да се спречи смртоносен исход.
„Тестот не беше инвазивен, и покрај тврдењата дека Марадона не можеше да поднесе престој во болница. Тој ми изгледаше како многу приемчив и кооперативен пациент“.
Марадона имал проблеми со коленото, а Лук побарал ендоскопија – процедура за која се потребни прелиминарни кардиолошки тестови. Првичните наоди не покажале никакви патологии, иако Франко ја знаел историјата на срцето на Марадона и сакаше дополнителни анализи. Тоа никогаш не било направено.
После неговата смрт било откриено дека срцето на Марадона било двојно потешко од просечното и дека имал дилатациона кардиомиопатија. Најновото истражување покажува дека агонијата траела дури 12 часа.