224
На 05.06.2023 во 20.10 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.А.(52) и А.А.(24), двајцата од Тетово, затоа што се однесувале агресивно и попречувале инспектор од УЈП при вршење службени дејствија.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.