228
Серхио Агуеро се пошегува со сонародникот Николас Отаменди откако ја дозна ждрепката во Лигата на шампионите.
Во иста група се најдоа екипите на Пари Сен Жермен, Јувентус и Бенфика каде моментно настапува Отаменди.
Дефанзивецот и Агуеро беа соиграчи во Манчестер Сити.
„ПСЖ, Јувентус, Бенфика… Отаменди ќе мора да подели многу удари. Ќе се сретне и со Лео. Не го повредувај Лео затоа што ќе те убијам. Светското првенство доаѓа, Ота. О, ќе се сретнеш и со „Фидео“ (Анхел Ди Марија) во Јувентус. О Отаменди“, сподели Агуеро на својот „Твич“ канал.