Агуеро ја тужи Барселона

од Vladimir Zorba
43 прегледи

Аргентинецот Серхио Агуеро (36) реши да ја тужи Барселона бидејќи клубот му должел три милиони евра, откако поради здравствени причини ненадејно морал да ја заврши кариерата.

Агуеро беше член на Барселона од мај до декември 2021 година, а за тоа време одигра само пет натпревари и постигна еден гол. Во декември мораше ненадејно да ја заврши кариерата бидејќи му беа дијагностицирани сериозни проблеми со срцето.

Самиот Агуеро веднаш се согласил да не му се исплаќаат пари од втората година од договорот, но побарал исплата на заработката за првата сезона. Клубот веднаш се согласи да ја плати таа година, но преку осигурувањето кое го имаат сите фудбалери. Тогашниот директор на Барселона, Матеу Алемани, му ветил дека клубот ќе му ја исплати првата година од договорот без разлика на тоа…

Но, осигурителната компанија одби да му плати три милиони евра на Агуеро бидејќи тврдат дека Аргентинецот дошол во Барселона со срцев проблем, што Агуеро и неговиот правен тим сега го демантираат.

Агуеро веднаш започна правен спор тврдејќи дека му се прекршени правата за исплата на плати и договорни бонуси. Се надеваше дека сепак ќе се договори со клубот за целата работа да не заврши на суд. Сепак, Барса е во финансиски проблеми, па спорот се „развлече“ и Агуеро сега достави се до шпанското правосудство!

Слични содржини